• петок, 30 август 2024

Лилард се искачи на 15. место по дадени тројки во историјата на НБА-лигата

Лилард се искачи на 15. место по дадени тројки во историјата на НБА-лигата
Минеаполис, 15 март 2021 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард се проби на 15. место по реализирани удари за три поени во историјата на НБА-лигата. На натпреварот со Минесота (112:114) одигран ноќта недела кон понеделник, Лилард постигна шест тројки и стигна до бројот 1931 во оваа статистичка категорија. Лилард го помина Џеј Ар Смит кој има 1930 тројки. Најдобар „тројкаш“ е Реј Ален со 2973 погодени удари, пред Стеф Кари со 2671 и Реџи Милер со 2560. зс/

Остани поврзан