• сабота, 27 јули 2024

Ликовен и литературен конкурс на тема „Чекориме по патеката на мирот“ во Македонска Каменица

Ликовен и литературен конкурс на тема „Чекориме по патеката на мирот“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 1 април 2023 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Средното општинско училиште во Македонска Каменица, кое го носи името на загинатиот бранител „Миле Јаневски - Џингар“, Културно-информативниот центар „Романса“ распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Чекориме по патеката на мирот“.

- Право на учество на ликовниот и литературниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година при СОУ „Миле Јаневски - Џингар“ од Македонска Каменица. Учениците може да учествуваат со изработка на цртежи, слики, скулптури и литературни дела. Бројот на ликовни и литературни дела за учество не е ограничен, информираа од КИЦ „Романса“.
 
Најдобрите дела, како што додадоа оттаму, ќе бидат наградени со вредносни ваучери.
 
- Првонаградените ќе добијат 3000 денари, за вторите награди се предвидени 2000 денари и за третонаградените 1000 денари. Ликовните и литературните творби во шифрирана форма треба да се достават до просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, секој работен ден од 9 до 15 часот, велат оттаму.
 
Ликовниот и литературниот конкурс ќе трае до 21 април 2023 година, а прогласувањето на најдобрите ликовни и литературни дела ќе биде на 28 април 2023 година, во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Миле-Јаневски Џингар“. 
 
Ликовните и литературните дела ќе останат во просториите на КИЦ „Романса“, каде истите ќе бидат искористени за изложби и литературни читања во Домот на Културата во Македонска Каменица. вс/ар

Остани поврзан