• понеделник, 16 декември 2024

Лидерот на индиската опозиција Арвинд Керџивал ослободен со кауција по апсењето во случајот за поткуп

Лидерот на индиската опозиција Арвинд Керџивал ослободен со кауција по апсењето во случајот за поткуп

Њу Делхи, 20 јуни 2024 (МИА) - Лидерот на индиската опозиција Арвинд Керџивал денеска беше ослободен со кауција, откако беше уапсен во март во случај за поткуп, објавија локалните медиуми.

Керџивал, лидерот на Партијата Ам Адми, или Партија на обичните луѓе, беше уапсен во март, неколку недели пред парламентарните избори во Индија, на кои беше еден од предизвикувачите на премиерот Нарендра Моди.

Апсењето на Керџивал наиде на голема осуда од опозициските партии кои тоа го нарекоа политички прогон од Владата на Моди против еден од неговите најжестоки противници на изборите. Минатиот месец му беше одредена привремена кауција за кампањата, пред да се врати во затвор на 2 јуни.

Во март, Керџивал беше уапсен од Федералната управа за спроведување, главната индиска агенција за финансиска истрага. Агенцијата, која е контролирана од Владата на Моди, ја обвини неговата партија и министрите за примање мито од една милијарда рупии (11 милиони евра) од добавувачи на алкохол пред речиси две години.

Тој ги негираше обвинувањата и ги нарече политички заговор. Неговата партија е дел од широкиот сојуз на опозициските партии наречен ИНДИЈА, кој беше главен предизвикувач на Моди за време на изборите, кои завршија претходно овој месец и на кои Моди повторно по трет пат победи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан