• сабота, 23 ноември 2024

Лидерите на Конгресот се евакуираат од Капитол

Лидерите на Конгресот се евакуираат од Капитол
Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Лидерите на Конгресот се евакуираат од комплексот Капитол и ќе бидат придружувани од полицијата до блиската воена база Мекнер во Вашингтон, јави Си-Ен-Ен. Претставник на федералната полиција за Си-Ен-Ен изјави дека евакуацијата е во тек. Полицијата  ги отстранува демонстрантите од зградата на Конгресот, каде веќе пристигна полицијата на Мериленд, а се очекува да пристигне и Националната гарда. Уапсени се најмалку 13 лица. Во 18 часот по локално време  стапува во сила полицискиот час во Вашингтон. Секој што ќе биде на улица ќе биде уапсен. ми/

Тагови

Остани поврзан