• понеделник, 23 декември 2024

Лидерите на Г7 изразија почит кон жртвите од атомската бомба во Хирошима

Лидерите на Г7 изразија почит кон жртвите од атомската бомба во Хирошима

Хирошима, 19 мај 2023 (МИА) – Лидерите на седумте индустриски најразвиени земји (Г7) го одбележаа споменот на загинатите од атомската бомба фрлена врз јапонскиот град Хирошима на крајот на Втората светска војна, јави ДПА.

Шефовите на држави и влади го посетија споменикот на жртвите од бомбата фрлена од американското воено воздухопловство на 6 август 1945 година, положувајќи венци со цвеќе што им ги подарија јапонските ученици во Меморијалниот парк на мирот во градот.

Атомската бомба фрлена во 1945 година го опустоши градот, убивајќи околу 70.000 лица на лице место и уште 70.000 до 80.000 во текот на следните месеци.

Втората бомба беше фрлена врз Нагасаки три дена подоцна. Бомбите беа прва употреба на нуклеарно оружје и оттогаш не е употребено нуклеарно оружје, наведува ДПА. сд/

Остани поврзан