• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лидерите на Азербејџан и Ерменија не постигнаа никаков напредок во решавање на конфликтот меѓу двете земји

Лидерите на Азербејџан и Ерменија не постигнаа никаков напредок во решавање на конфликтот меѓу двете земји

Абу Даби, 10 јули 2025 (МИА) - Лидерите на Ерменија и Азербејџан, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, денеска не успеаја да постигнат напредок на средбата во Абу Даби во последната рунда разговори за прекин на конфликтот меѓу двете земји, што трае речиси четири децении, објавија двете земји.

Американските медиуми ја пренесуваат заедничката изјава во која се наведува дека ерменскиот премиер и азербејџанскиот претседател на средбата во Абу Даби ветиле дека ќе продолжат да работат на чувствителните прашања, како што е демаркација на границата.

Ерменија и Азербејџан ја потврдија својата посветеност на билатералните преговори и изјавија дека ќе продолжат да спроведуваат мерки за градење доверба.

Двете земји работат на постигнување мировен договор, откако Азербејџан во септември 2023 година ја врати целосната контрола врз Нагорно-Карабах, регион што беше контролиран од етничките ерменски сили, поддржани од Ерменија, од 1990-тите.

И покрај тоа што двете страни се согласија во март за формулацијата на потенцијалниот билатерален мировен договор, денешните разговори во Абу Даби не разјаснија кога договорот би можел да биде финализиран.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан