Ливерпул сака да се ослободи од Нуњез
- Ливерпул размислува да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез во следниот преоден рок. Три години откако платија 85 милиони евра на Бенфика, новиот шампион во Премиер лигата со задоволство би го пуштил Нуњез да си замине за да поврати барем дел од скапата инвестиција.

Ливерпул, 19 април 2025 (МИА) - Ливерпул размислува да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез во следниот преоден рок. Три години откако платија 85 милиони евра на Бенфика, новиот шампион во Премиер лигата со задоволство би го пуштил Нуњез да си замине за да поврати барем дел од скапата инвестиција.
Нуњез е главно резерва на Диого Жота, продолжува да промашува, но и понатаму е баран. Зимоска беше баран од саудиски Ал-Наср.
Покрај пропуштените шанси кои го одбележаа настапот на напаѓачот, тренерот на „црвените“ Арне Слот го фали и критикува.
-Јас го познавам поинаку. Го знам од Астон Вила, дома, каде што истрча 100 метри и даде гол, го знам кога влезе против Манчестер Сити, дома, притискаше многу агресивно, ја освои топката и постигнавме гол. Но, не можам да прифатам дека играчот не дава се од себе. Тоа е јасно. Можам да прифатам еднаш, но двапати е премногу, изјави Слот во февруари, откако Нуњез промаши празна мрежа против Астон Вила (2:2).
Откако пристигна во градот на Битлси, Нуњез ја има својата најлоша сезона во однос на постигнатите голови. Во првите две сезони постигна 15 и 18 гола, а оваа сезона само седум. дс
Фото: Архива