Ливерпул го искористи киксот на Арсенал и ја зголеми предноста nа врвот
- Ливерпул славеше победа од 2:0 над Њукасл синоќа во последниот натпревар од 27. коло на Премиер лигата.

Ливерпул, 27 февруари 2025 (МИА) – Ливерпул славеше победа од 2:0 над Њукасл синоќа во последниот натпревар од 27. коло на Премиер лигата.
По оваа победа, но и ремито на Арсенал, фудбалерите на Ливерпул сега имаат 13 бодови повеќе од второпласираниот Арсенал, кој има натпревар помалку.
Ливерпул триумфираше над Њукасл, постигнувајќи по еден гол во секое полувреме. Во 11. минута Унгарецот Шобошлаи погоди за 1-0, додека во 63. Минута печат на победата стави Аргентинецот Мекалистер.
За Ливерпул ова беше 20 првенствена победа.
Претходно, Манчестер Сити забележаа победа на гости, славејќи со минимални 1-0 над Тотенхем, додека Арсенал и Нотингем одиграа нерешено 0-0 во дербито на колото. ег
ФОТО: Ливерпул/Фејсбук