• понеделник, 23 декември 2024

Ливерпул би можел да го ангажира Шлотербек доколку си замине Ван Дајк

Ливерпул би можел да го ангажира Шлотербек доколку си замине Ван Дајк

Ливерпул, 22 октомври 2024 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул го следи фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, поради неизвесноста околу иднината во тимот на Вирџил ван Дајк.

Според „CaughtOffside“ во Ливерпул сакаат да го ангажираат 24-годишниот фудбалер следното лето доколку Ван Дајк не го продолжи договорот со клубот. Забележано е дека Ливерпул е подготвен да плати околу 50 милиони евра за Шлотербек.

Ван Дајк претходно изјави дека е во преговори со Ливерпул за продолжување на договорот, но се уште нема донесено конечна одлука по ова прашање. Договорот на 33-годишниот Холанѓанец со тимот е до 30 јуни 2025 година.

Шлотербек за Борусија игра од 2022 година. Оваа сезона тој одигра девет натпревари за клубот од Дортмунд во сите натпреварувања, постигнувајќи две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан