• четврток, 16 јануари 2025

Либанскиот премиер бара повлекување на Израел од сите заземени позиции

Либанскиот премиер бара повлекување на Израел од сите заземени позиции

Бејрут, 27 ноември 2024 (МИА) - Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, побара Израел целосно да се придржува до новиот договор за прекин на огнот и да се повлече од сите региони и позиции што ги зазеде досега. Изјавата доаѓа само неколку часа откако стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хезболах.

Микати претходно апелираше до меѓународната заедница „брзо да реагира“ за да се запре „израелската агресија“ и да се спроведе итен прекин на огнот.

Шеесетдневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, со посредство на САД и Франција, стапи во сила утринава во 04:00 часот по локално време. ссм/

фото: архива

Остани поврзан