• сабота, 23 ноември 2024

Либаб: ЕУ да ја унапреди интерацијата на Западен Балкан

Либаб: ЕУ да ја унапреди интерацијата на Западен Балкан
Атина, 11 ноември 2022 (МИА) - Европската унија треба да испорача и да ја унапреди интеграцијата на регионот, но и да ја зајакне нејзината политичка вклученост во регионот и тоа е наша заедничка одговорност, порача министерката за надворешни работи на Белгија Хаџа Либаб по средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Либаб рече дека со Дениас, меѓу другото, разговарале и за унапредувањето на европската интеграција на шесте држави од Западен Балкан, изразувајќи ја белгиската поддршка. -Белгија продолжува да го поддржува европски пат што овие земјте од Западен Балкан го избраа и тоа е избор што ние целосно го поддржуваме, порача шефицата на белгиската дипломатија. Додаде дека „постојаните напори и политичката посветеноста од нашите партнери е клучот на патот кон интеграцијата“, но и посочи дека е потребна подобра усогласеност на политиките, особено на надворешната политика и виза политиката. Шефовите на двете дипломатии разговарале и за енергетиката, односите на Грција со Турција, но и за војната во Украина.ср/сд/

Остани поврзан