• сабота, 23 ноември 2024

ЛЕ: Реал Сосиедад домаќин на Манчестер јунајтед во Торино 

ЛЕ: Реал Сосиедад домаќин на Манчестер јунајтед во Торино 
  Нион, 9 февруари 2021 (МИА) – Првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа (ЛЕ) меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед е преместен од Сан Себастијан во Торино, како резултат на патните рестрикции што се на сила во Шпанија поради спречување на ширење на коронавирусот, соопшти вечерва Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Натпреварот ќе се игра на стадионот на Јувентус на 18 февруари, во закажаниот термин од 18:55 часот. Дуелот е преместен поради забраната на шпанските власти за влез во земјата од Велика Британија, освен за лица, кои се државјани на Шпанија и Андора. Забраната е продолжена до 2 март со што е загрозено и одигрувањето на шпанскa почва на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Челзи, што треба да се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ на 23 февруари. ег/

Остани поврзан