• сабота, 23 ноември 2024

Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година

Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година
Париз, 27 август 2022 (МИА) - Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ. „Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела изјави дека претстојат „тешки месеци“, а неговата влада предупреди на пораст на цените на енергијата. паг/  
 

Остани поврзан