Ле Мер: Сите опции се на маса за заштита од коронавирусот
- Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека здравствената состојба во државата се влошува во време на третиот бран на пандемија на коронавирусот и „сите опции се на маса

Париз, 29 март 2021 (МИА) - Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека здравствената состојба во државата се влошува во време на третиот бран на пандемија на коронавирусот и „сите опции се на маса“ за јавна заштита.
Ле Мер изјави дека Франција треба да избегнува да донесува построги мерки за ограничување и да исклучи промена во списокот на продавници и бизниси на кои им е дозволено да останат отворени.
- Овој список нема да се промени. Не е во интерес на земјата да испрати сигнал дека ќе отвориме некои бизниси додека ситуацијата се влошува, рече Ле Мер.
Ограничувања има во 19 високоризични зони, вклучително и Париз, а продавниците на кои им е дозволено да останат отворени се оние што продаваат храна, книги, цвеќиња и чоколада, како и фризерниците. паг/