• четврток, 26 декември 2024

Ле Дриан: ЕУ ќе воведе санкции кон Москва

Ле Дриан: ЕУ ќе воведе санкции кон Москва

Париз, 22 февруари 2022 (МИА) - Европската унија ќе воведе санкции кон Москва по „неприфатливиот“ влез на руските војници во регионот Донбас во Украина, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

„Очигледно е дека ќе иницираме санкции“, рече Ле Дриан пред состанокот на европските министри за надворешни работи во Париз.

Според него, „тоа е кршење на меѓународното право“.

„Тоа е напад на суверенитетот и интегритетот на Украина, Русија се откажува од своите меѓународни обврски и договорите од Минск што ги потпиша“, рече Ле Дриан.

Тој истакна дека „ситуацијата е многу сериозна“.

Ле Дриан додаде дека европските лидери треба да пренесат три пораки - да заземат цврст став против дејствијата на Русија, да покажат солидарност со Украина и да покажат единство во Европа. паг/

Остани поврзан