• вторник, 24 декември 2024

Лејди Гага меѓу доделувачите на „Оскарите“

Лејди Гага меѓу доделувачите на „Оскарите“
Лос Анџелес, 4 март 2022 (МИА) - Лејди Гага не доби номинацијата за „Оскар“ годинава за нејзината изведба во „Куќата на Гучи“, но ќе биде присутна на 94. доделување на престижните филмски награди. Пејачката-глумица е една од шесте засега откриени доделувачи, а на сцената ќе се појават и Кевин Костнер, Јун Ју-жунг, Рози Перез, Крис Рок и Зои Кравиц. - Филмовите нѐ инспирираат, нѐ забавуваат и го обединуваат целиот свет!, вели продуцентот на свеченоста, Вил Пекер. - Тоа е и најпрецизната цел на шоуто годинава, и ние сме воодушевени што го поздравуваме првиот од ѕвездената постава што се приклучува на сцената на „Оскарите“ да ни помогне да ја прославиме моќта на филмот и да им оддадеме признанија на најдобрите во филмот изминатава годината... Инаку, Кевин Костнер доби „Оскар“ за најдобра режија во 1991 година за филмот „Танц со волците“. Лејди Гага го освои својот прв Оскар во 2018., за нејзината оригинална песна за „A Star Is Born“, во истоимениот филм „Ѕвездата е родена“ во којшто глуми и таа. Јужнокорејската глумица Јун Ју-жунг лани го освои „Оскарот“ за најдобра споредна женска улога. Шесте доделувачи ќе им се придружат на официјалните водители на вечерта - Ванда Сајкс, Реџина Хол и Ејми Шумер. Ова ќе биде првпат по три години шоуто да има водители. Свеченоста ќе се одржи на 27 март, недела, во „Театарот Долби“ во Лос Анџелес.  си/ссм/

Остани поврзан