Лефков: Фрапантно е со која леснотија СДС се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси
- СООПШТЕНИЕ - Фрапантно е со која леснотија СДС се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси. Апологетите на СДС во еден глас ја пренесуваат бугарската пропаганда.

Скопје, 22 јули 2025
Почитувани,
Фрапантно е со која леснотија СДС се стави во целосна служба на бугарските агенции и интереси.
Апологетите на СДС во еден глас ја пренесуваат бугарската пропаганда.
Венко Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија.
Венко Филипче целосно го копира Зоран Заев и смета дека со ставање на располагање на партијата и нејзините инсталации во општеството на друга држава тој ќе дојде некогаш на власт.
Венко Филипче и СДС веќе не се воопшто автентични. Венко Филипче и СДС целата своја стратегија и приод и го имаат оставено на Бугарија.
Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции.
Македонија, а пред се премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под удар на хибридни операции водени од страна, а извршени од СДС.
Сомневањата ни се дека крајниот финансиер на ваквите операции е една голема источна земја, која има силно влијание и во Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ ги препозна нападите и успешно ги отфрли. СДС се демаскирани.
Само разочарува фактот како безпоговорно, за власт се ставија на располагање на центри кои не и мислат добро на Македонија.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=DpJliIFzOkA
https://www.swisstransfer.com/d/b160b461-90de-4802-b217-56101a730afc
Прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ВМРО-ДПМНЕ