• петок, 27 декември 2024

Лефков: Од куфер повеќе не боли глава, Бисера Антоанета во Ријад и Брисел купила куфер, кошули, поло маици, накит и облека со службени пари

Лефков: Од куфер повеќе не боли глава, Бисера Антоанета во Ријад и Брисел купила куфер, кошули, поло маици, накит и облека со службени пари

Скопје, 3 септември 2024

Бисера Антоанета трошела пари од службената картичка за приватни работи и на нејзиното патување во Ријад, Саудиска Арабија.

Во период од 12.09.2023 до 18.09.2023 година Антоанета е на службен пат во Ријад, Саудиска Арабија, а од 19.09.2023 до 21.09.2023 година е во Брисел, Белгија. За оваа намена таа подига пари во кеш од благајната на министерството 2000 долари и 900 евра.

Како стигнала, Антоанета се фрлила на трошење. Во ALL Hillal  купила 5 дреса од фудбалски клуб за 70 евра, платени со службени пари.

Шопинг манијата на Бисера Антоанета не застанува тука, таа во Parfois продавница за накит, облека и аксесоар за жени потрошила 20 евра, а во Alshaya group си купила козметички производи за 35 евра и истите ги платила во кеш.

Бисера продолжила, и секако од куфер повеќе дома никогаш не боли глава, па одлучила во Niccole Miller да купи мал куфер за 38 евра, и да го плати во кеш со службените пари.

Куферот морал со нешто да се наполни, па Бисера Антоанета  заминала во Apparel group каде си купила темно плава кошула за 39 евра, и 3 ПОЛО ХХL црни маици за 95 евра. 

Сите овие кошули, куфери, поло маици, накит и облека ги плаќала или со службената картичка или со службените пари. Ова е раскалашено и расипничко однесување. Ова е пример како се трошеле народни пари од министрите на СДС.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан