• среда, 20 ноември 2024

Лефков: Маричиќ треба да се откаже од трошењето европски пари на кампањата „Ние сме Европа“ 

Лефков: Маричиќ треба да се откаже од трошењето европски пари на кампањата „Ние сме Европа“ 

Скопје, 5 септември 2023

 

„После поминати 14 месеци целата јавност е свесна за тоа како се манипулираше дека ќе биде обезбедено мнозинство па им фалеле двајца, тројца, четворица, пет, шест пратеници, тоа дополнително ги вознемируваше граѓаните и наместо да разговараме за реални проблеми ние разговаравме за работи кои не можат да се случат затоа што тие кои преземале обврска тоа да го спроведат не се консултирале со опозицијата и не разговарале со никого, впрочем најверојатно работеле само во свои интереси а не во интереси на државата“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека за вакви промени и уцени кои доаѓаат од бугарски диктат тие кажале стоп.

„Се обиде да се гради некоја возбуда дека можно е да помине гласањето, но на 18-ти август јавноста виде како сите 44 пратеници од коалицијата заедно застанавме и побаравме веднаш точката да биде ставена на гласање по обраќањето од нашата пратеничка група“, истакна Лефков.

Тој кажа дека Талат Џафери се одлучил истата да ја одложи и тоа е против деловнички затоа што промената на Уставот е регулирана со посебна глава.

„Многу е важно расправата да заврши со заклучок затоа што тоа го заслужуваат граѓаните, државата и Уставот како највисок законодавен акт во државата. Талат Џафери се повика на акт на неговото неприкосновено право за своеволно толкување на Деловникот и денеска на собраниска седница го истолкува само како што тој знае да го истолкува“, вели Лефков.

Тој рече дека денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата постапи и поднесе иницијатива со собрани 20 потписи во кои побара седницата да продолжи.

Тој вели дека власта се доведе во ситуација и покажа на државата дека не се заинтересирани за европската иднина на државата, туку едноставно се заинтересирани за ден повеќе на власт.

„Гледаме како тие функционираат и за жал Собранието е ставена во потчинета улога на извршната власт. За жал имаме силна потчинетост на извршната власт и во судството и законодавната власт. Талат Џафери налик на извршител на коалициските договори помеѓу СДС и ДУИ постапува како што му е кажано. Со одложувањето на седницата државата е во матно и граѓаните, гледаме скандали и неприлики. Она што останува да коалицира се владините седници, тендери и трошењето на народни државни пари“, дециден е Лефков.

Тој посочи дека најверојатно власта се надеваше на притисок, чудо кое ќе ги спаси едноставно не ја разбраа сериозно пораката од опозицијата и од сите нас.

„Тоа што се одлучија европските пари да ги трошат за кампања „Ние сме Европа“ покажаа дека во Македонија навистина имаат сериозни проблеми па сега им требаат европските средства и пари за да го билдаат својот углед. Погледнете ги објавите на Бојан Маричиќ кој себе промоцијата ја плаќа со пари од Европската Унија, еден дел од постовите се спонзорирани од европски пари. Најмалку што можат да направат парите за таа кампања и парите за Фејсбук рекламите на Бојан Маричиќ да завршат кај жртвите на луѓето од Онкологија, кај луѓето кои зеле кредити и се задолжиле за да ги лекуваат своите најблиски. Најмалку што треба да направи Бојан Маричиќ е веднаш да се откаже од таа кампања затоа што со вакво здравство, скандали не си Европа“, потенцираше Лефков.

Тој додаде дека власта е песочен часовник кој секој ден му тече на Ковачевски и му останува еден огромен пад.

„Во Македонија наместо Уставот, Законот и потребите на граѓаните, функционира т.н коалициски закони на СДС и ДУИ односно важат правилата кои ќе ги договорат во кабинет зад затворени врати“, заклучи Лефков.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан