• петок, 20 декември 2024

Летонија забранува влез на автомобили со белоруска регистрација

Летонија забранува влез на автомобили со белоруска регистрација

Рига, 15 јули 2024 (МИА) - Летонија повеќе нема да дозволува автомобили со белоруска регистрација да влегуваат на нејзина територија од Белорусија или Русија.

Забраната, која стапува на сила утре, се воведува како дел од новиот пакет санкции на ЕУ што „во голема мера ги усогласи санкциите наметнати на Белорусија со оние воведени кон Русија“, соопшти Летонската служба за државни приходи.

Земјите - членки на Европската унија кои граничат со Русија - Полска, Естонија, Летонија, Литванија и Финска - како и Норвешка, минатата година забранија влез на возила со руски регистарски таблички, како дел од санкциите наметнати кон Русија и нејзините граѓани поради конфликтот. во Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан