• понеделник, 23 декември 2024

Леопард жаби забележани во централна Аризона

Леопард жаби забележани во централна Аризона
Лос Анџелес, 24 јули 2020 (МИА) - Редок вид т.н. леопард жаби неодамна се пронајдени во средишните делови на американската сојузна држава Аризона, надвор од вообичаеното нивно живеалиште. Станува збор за подвидот наречен „чирикава“. Примерок неодамна беше фотографиран од шумски извидник во близина на местото Камп Верде во централна Аризона. Биолозите подоцна утврдија дека уште најмалку десет примероци од тој вид живеат во таа област. Поради губиток на природните живеалишта, но и болести и грабливци, популацијата на овие жаби е намалена, како и бројот на области во кои живеат. Досега се сметаше дека тие живеат само во источна Аризона, во западниот дел на сојузната држава Ново Мексико и во северно Мексико. Објаснувањето за оваа необична појава би можело да лежи во тоа дека тие можеби бараат побезбедни живеалишта, т.е. потопли области каде што се позаштитени од габични болести. Овие жаби од 2002 година се вклучени во списокот загрозени животински видови во САД. Како дел од напорите за враќање на нивната популација, меѓу другото, се одгледуваат во услови создадени од човекот, а потоа се пуштани во дивината, обично во бари и мочуришта.  си/

Остани поврзан