• сабота, 21 декември 2024

Леонардо: Време е Мбапе да го напушти ПСЖ без разлика на сè

Леонардо: Време е Мбапе да го напушти ПСЖ без разлика на  сè

Париз, 10 јули 2023 (МИА) - Поранешниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо проговори за можното заминување од клубот на напаѓачот Килијан Мбапе.

 

- За доброто на ПСЖ, мислам дека е време Мбапе да си замине, без разлика на сè. ПСЖ постоеше пред Килијан Мбапе и ќе постои и после него. Со своето однесување во последните две години, Мбапе докажува дека се уште не е играч способен вистински да води тим. Тој е одличен играч, но не и лидер. Тој е одличен стрелец, но не и креативна личност. Тешко е да се изгради тим околу него, изјави  Леонардо за „L'Equipe“.

 

Претходно беше објавено дека 24-годишниот Французин испратил известување до ПСЖ дека не планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот до 2025 година. Актуелниот договор на Мбапе со парижаните истекува следното лето.

 

Во сезоната 2022/23, Мбапе постигна 41 гол и даде 10 асистенции на 43 натпревари за парижаните во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан