• понеделник, 23 декември 2024

„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп

„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп

Пекинг, 25 јyни 2024 (МИА) - Kомпанијата „Леново“ во Кина ја претстави серијата „Моторола Разр 50“ телефони на преклопување. Се работи за два модел - „Разр 50 ултра“ со 4-инчен надворешен екран и „Снепдрагон 8с ген 3“ процесор, како и „Разр 50“ којшто се напојува со процесорот „Дименсити 7300-X“.

Покрај поголемиот надворешен екран, „50 ултра“ има и потенки рабови во споредба со минатогодишниот модел „Разр 40 ултра“. Новиот телефон на преклоп има и „ПОЛЕД“ панел со резолуција од 1.080 пиксели со 100 отсто опсег на бои и освежување на екранот од 1 до 165 Хз. Уредот има главна камера од 50 МП и телефото камера, исто така од 50 МП со 2x оптички зум, користи оперативен систем „Андроид 14“, а се напојува со батерија од 4.000 мАх.

Цената на „50 ултра“ е 730 евра за конфигурација од 12/256 ГБ, и 800 евра за конфигурација 12/512. Достапен е во повеќе бои.

„Моторола Разр 50“ е основниот модел во серијата, којшто има две камери од 32 МП, 50 МП - со оптичка стабилизација на сликата, и додатна задна камера од 13 МП со видно поле од 120 степени.

Телефонот користи батерија со капацитет од 4.200 мАх, којашто поддржува 30 вати жично и 15 вати безжично полнење. Достапен е во три бои. Верзијата со 8/256 ГБ конфигурација чини 475 евра, додека за верзијата со 12 ГБ РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија ќе треба да се издвојат 515 евра.

Продажбата во Кина веќе почна, а почетокот на продажбата на светскиот пазар се очекува наскоро.  си/ми/

Фото: „Моторола“

Остани поврзан