• среда, 27 ноември 2024

Ленард ќе го пропушти шестиот натпревар од серијата со Јута

Ленард ќе го пропушти шестиот натпревар од серијата со Јута
Лос Анџелес, 18 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард нема да игра против Јута во шестиот натпревар од четвртфиналето (3-2 моментен резултат) од плејофот во НБА-лигата. Како што објави „ЕСПН“, 29-годишниот Американец се здоби со повреда на десното колено на четвртиот меч. Точното време на закрепнувањето на Ленард не се знае. Играчот ќе мора да помине дополнителни прегледи. Оваа сезона Ленард е еден од најдобрите кај Клиперс со просек од 24,8 поени по натпревар на 52 одиграни средби. зс/

Остани поврзан