• сабота, 23 ноември 2024

Лекари без граници: Сан Салвадор во критична фаза поради коронавирусот

Лекари без граници: Сан Салвадор во критична фаза поради коронавирусот
Сан Салвадор, 10 јули 2020 (МИА) - Сан Салвадор, главниот град на Ел Салвадор, е во „критична фаза“ по зголемувањето на бројот на починати во епидемијата на коронавирус и поради оптоварувањето на здравствениот систем, предупреди невладината организација Лекари без граници (МСФ). „Веќе сме во критична фаза. МСФ бележи зголемување на бројот на смртни случаи пред пристигнувањето на нашата служба за итни случаи“, вели координаторот на Салвадор, Луис Ромеро во соопштението на Лекари без граници. Тој додава дека координацијата за прием на пациенти во болницата е „сè потешка“. Ел Салвадор, на површина од 20.742 квадратни километри, со население од 6,6 милиони, забележа 8.844 случаи на заболени од Ковид-19 и 243 починати. Жариштата на епидемијата во земјата се Сан Салвадор и Сојапанго, кој граничи со главниот град.
„Забележуваме нагло влошување на последиците од пандемијата врз населението и здравствениот систем“, се наведува во соопштението на Лекари без граници. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан