Легендарниот Хосам Хасан нов селектор на Египет
- Хасан на селекторската клупа доаѓа на местото на Португалецот Риу Виторио, кој во неделата одби отказ по поразот од Конго во осминафиналето на Купот на африканските нации.
Каиро, 7 февруари 2024 (МИА) – Египетската фудбалска легенда Хосам Хасан е назначен за нов селектор на репрезентацијата на оваа африканска држава, соопштија фудбалските власти во Каиро.
Хасан на селекторската клупа доаѓа на местото на Португалецот Риу Виторио, кој во неделата одби отказ по поразот од Конго во осминафиналето на Купот на африканските нации.
Хасан во својата репрезентативна кариерата одигра 173 натпревари и постигна 67 голови со што е најдобар стрелец во историјата на египетскиот национален тим.
Неговото деби на египетската клупа ќе биде во јуни на натпреварите против Буркина Фасо и Гвинеја во квалификациите за Мундијалот 2026. ег ФОТО: Фејсбук