• среда, 25 декември 2024

Леви: Му понудивме на Хамас продолжување на примирјето, потоа напаѓаме со полна сила

Леви: Му понудивме на Хамас продолжување на примирјето, потоа напаѓаме со полна сила

Тел Авив, 27 ноември 2023 (МИА) - Портпаролот на израелската Влада, Ејлон Леви, денеска изјави дека му понудиле на Хамас можност за продолжување на примирјето. 

-Го известивме Хамас, му дадовме опција за продолжување на прекинот на огнот. Сакаме по оваа вечер да бидат ослободени уште 50 заложници. Штом истече тој период, Израел ќе продолжи да напаѓа со полна сила, изјави Леви, објави Скај Њуз.

Хамас ноќеска соопшти дека е расположен да го продолжи прекинот на огнот со цел да ослободи што е можно повеќе палестински затвореници од затворите во Израел.

Продолжување на примирјето побара и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

-Повикувам на продолжување што ќе овозможи испорака на поголема помош за населението кое има голема потреба и ќе овозможи ослободување на другите заложници, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан