• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Јавните пари завршиле кај партиски послушници на ДУИ

Левица: Јавните пари завршиле кај партиски послушници на ДУИ

29 јануари 2024 

Во јавноста излезе информација дека според Одлука за финансирање на граѓански организации, донесена од страна на Министерството на ГРУБИ, предизборно ќе бидат поделени околу 325 илјади евра народни пари на разни анонимни невладини организации, блиски до ДУИ.

Имено, во дел од невладините организации кои добиле државни пари, како основачи се јавуваат:

-Државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ;
- вработени во Министерството за политички систем раководено од Груби
-поранешен член на ДИК; 
-вработена во општина Струга;
-советничка за протокол во Владата.

Односно, јавните пари завршиле кај партиски послушници на ДУИ, вработени во јавната администрација на централно и локално ниво.

Дополнително, за да биде ова крадење на народните пари легално, во огласот за финансиска помош за невладините граѓански организации, намерно е избришан е членот 52 од Законот за спречување корупција - со кој се забранува корисници на финансиски грантови да бидат избрани или именувани лица во јавни институции.

Во ситуација на екстремна сиромаштија, кога над 500 000 граѓани одвај врзуваат крај, кога здравството е пред колапс и државата „не е во можност“ да обезбеди соодветен медицински третман за сите, кога учениците се уште ги немаат добиено потребните учебници, владејачките елити единствено се грижат како меѓусебно да си поделат над 320 илјади евра за фиктивни граѓански организации. Коруптивен тренд кој власта нема намера да го прекине, бидејќи буџетот за 2024 година предвидува цели 19.5 милиони евра да се слеат во „невладиниот сектор“, покрај капитални субвенции. 

Ја потсетуваме јавноста дека политичката партија Левица се залага за целосна забрана за финансирање на невладини организации со буџетски пари (од владини и општински буџети), како и воведување строга регулација на финансиите на невладините организации, со цел спречување на вакво еклатантно перење на пари преку НВО.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан