• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Овоштарството пред колапс поради вазалната политика

Левица: Овоштарството пред колапс поради вазалната политика

Скопје, 13 март 2024

Од државниот Завод за статистика излегоа со бројки кои се поразителни за овоштарството во Република Македонија. Домашното земјоделско производство на храна е постојано на удар од оваа ненародна власт, која е во служба на олигархијата и странските интереси.

Во минатата година, забележан е голем пад на извозот на овошје од Македонија и тоа 26%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС, вредноста на македонскиот извоз на овошје во 2023 годинаа изнесувала 44,7 милиони евра, што е за 11,5% помалку во споредба со 2022 година (50,5 милиони евра).

106,6 милиони килограми овошје произведено во Македонија лани било извезено на странските пазари, што е за 26% помалку во споредба со претходната 2022 година (144 милиони килограми овошје). Главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија е производството на јаболка, при што минатата 2023 година биле извезени јаболка во вредност од 14 милиони евра, што е за 8,2% помалку во споредба со 2022 година (15,3 милиони евра).

Од извозот на свежо грозје лани е остварен приход од 12,9 милиони евра, што е за 21% зголемен од претходната година, но извозот количински е намален за 10% и изнесувал 18,4 илјади тони грозје. Исто така, лани голем пад бележи и извозот на јапонски јаболка, лубеници и други овошја.

Македонското овошје лани се продавало на 40 странски пазари, од кои најголем пазар била Србија, каде се продадени 25,2 илјади тони овошје. Извозот на овошје главно е намалено поради тоа што е исклучен од листата рускиот пазар. Во 2022 година, Русија била најголем извозен пазар со извоз на овошје вредно 12,5 милиони евра, што е очигледно дека губитокот од овој пазар тешко се надоместува.

Санкциите спрема Русија и лошите политики на ЕУ ги донесоа земјоделците во Европа на работ на егзистенција, а за тоа сведочат масовните протести последниве три месеци. Инфлацијата не се смирува и цената на храната расте. Истите проблеми ги делат и нашите земјоделци и граѓаните кои мораат да купуваат екстремно скапа храна од увоз.

Само со развластување на власта на СДС-ДУИ ќе спречиме понатамошна штета на домашното земјоделско производство и ќе ги заштитиме земјоделците од дополнително осиромашување.

 

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан