• четврток, 07 ноември 2024

Левица: На местото на работилниците на поранешно ГП Маврово насилно се подготвува терен за новиот ДУП

Левица: На местото на работилниците на поранешно ГП Маврово насилно се подготвува терен за новиот ДУП

29 ноември 2023 

Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26!
Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план.

Но, она што е сигурно е дека повторно се обидува шверцерски да се изигра мислењето и судот на жителите, со давање само 6 работни дена за поднесување на анкетни листови за истиот, и тоа само во бараките на Општина Карпош!

И овој обид на Јакимовски да удоволи на желбите на инвеститорите нема да биде поддржан од советниците на Левица во Карпош и повторно ќе излеземе во пресрет на жителите на Влае за заштита на нивната заедница!

 

Политичка партија Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан