• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Наши активисти поправаат игралишта во Аеродром

Левица: Наши активисти поправаат игралишта во Аеродром

Скопје, 30 април 2023 

Бидејќи Општина Аеродром, под палката на Тимчо Муцунски нема слух, а ниту желба да ги санира детските игралишта низ општината (најверојатно поради тоа што тука нема мрсни тендери за крадење), нашите активисти волонтерски им ја вршат работата за која се дебело платени со народни пари.

Ова е веќе второ руинирано детско игралиште, кое нашите активисти целосно го оспособија за користење од страна на најмладите жители на општината. Овие волонтерски акции на нашите активисти ќе продолжат и во иднина, бидејќи детската среќа и радост се бесценети, а сепак заборавени од општината, освен кога треба да се слика градоначалникот Муцунски, злоупотребувајќи ги децата за евтин пиар.

Левица како партија од народот за народот има приоритет да покаже дека може да се работи поинаку и со овие волонтерски акции само покажува на жителите дека локалните самоуправи воопшто не се грижат за убав изглед и функционалност на општините, без оглед на тоа дали со локалната власт раководи СДС или ДПМНЕ.

Овие две истрошени и криминални партии, кои 33 години ја уништуваат државата, треба конечно да завршат на буништето на историјата како црна дамка во поновата македонска историја. Од сите нас зависи дали овие две криминални партии ќе си го добијат заслуженото за повеќедеценискиот лоповлук, криминал и тотална негрижа за потребите на народот.

Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан