• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Власта решила да го уништи домашното земјоделското производство

Левица: Власта решила да го уништи домашното земјоделското производство

Скопје, 1 ноември 2023

Владата на СДС и ДУИ, следејќи ја неолибералната агенда и корпоративниот странски интерес, решила по секоја цена да го уништи домашното земјоделското производство.

Во процедура се измени на Законот за земјоделското земјиште, на предлог на министерот Љупчо Николовски, со кои се предвидува на плодно земјиште, странските приватни корпорации да градат соларни електрани и произведуваат електрична енергија, која потоа ќе ја продаваат по берзански цени!

Ваквите измени се катастрофални, затоа што плодната земја како лимитиран ресурс не смее да се оттуѓува за приватни интереси! Власта на СДС и ДУИ, откако го распродаде најважниот енергетски ресурс, Чебрен, сега ќе ја распродава и плодната земја - со што државата дополнително ќе стане зависна за храна и енергија од приватни корпорации.

Левица, следејќи ја својата идеолошка линија, со години предупредува на дивеењето на крупниот капитал во овој сектор и цврсто се држи до тезата дека производството на електрична енергија треба да биде од домашни енергетски компании во државна сопственост.

Истото не смее во никој случај да влијае негативно на производството на земјоделски производи, односно, земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс треба да служи само и единствено за производство на храна.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан