Левит: Кандидатите за администрацијата на Трамп добија закани, меѓу кои и со бомба
- Неколку номинирани и именувани функционери во идната администрација на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, биле цел на насилни закани, вклучително и закани со бомби, изјави денеска портпаролката на Трамп, Каролин Ливит.

Вашингтон, 27 јануари 2024 (МИА) – Неколку номинирани и именувани функционери во идната администрација на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, биле цел на насилни закани, вклучително и закани со бомби, изјави денеска портпаролката на Трамп, Каролин Ливит.
Според неа, заканите биле упатени синоќа и денеска, а органите на редот реагирале брзо за да ја осигураат безбедноста на луѓето кои биле цел на заканите.
Ливит не прецизираше кој ги добил заканите. јт/
Фото: МИА архива