• недела, 23 март 2025

Левандовски увери дека не е повреден

Левандовски увери дека не е повреден

Барселона, 22 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Барселона и Полска, Роберт Левандовски ги увери своите навивачи дека не е повреден. 36-годишниот ветеран и донесе успех на полската репрезентација против Литванија (1:0) во светските квалификации, но на крајот беше принудно заменет.

Се шпекулираше дека има повреда, но самиот играч изјави дека неговата замена е повеќе како мерка на претпазливост.

-Имам проблем кој ме мачеше последните три натпревари, но денеска се чувствував подобро. На крајот решивме дека е подобро да излезам за да не се влоши ситуацијата. Мислам дека се ќе биде во ред и се надевам дека не е ништо сериозно, изјави во оваа прилика Левандовски.

Тој дури се очекува да игра на следниот натпревар на Полска против Малта во понеделник. дс

Фото: Архива

Остани поврзан