• вторник, 26 ноември 2024

Левандовски прв фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал хет-трик за три различни екипи

Левандовски прв фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал хет-трик за три различни екипи
Барселона, 8 септември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски постигна три гола на натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Викторија Плзењ (5:1). Полскиот репрезентативец погоди во 34., 48. и 67. минута од средбата одиграна синоќа на „Камп ноу“. Левандовски стана првиот играч во историјата на европските купови кој постигнал хет-трик за три различни екипи. Претходно ова го направи со Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Вкупно, Левандовски во кариерата постигна 89 гола на 107 натпревари во Лигата на шампионите. Во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите Барселона ќе се сретне со Баерн, а Викторија Плзењ ќе игра против Интер. Натпреварите ќе се играат на 13 септември. зс/

Остани поврзан