Леброн Џејмс повтори достигнување на Мајкл Џордан
- Лос Анџелес Лејкерс забележаа нова победа во НБА лигата, а Леброн Џејмс уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите кошаркари во историјата. Тимот на Џеј Џеј Редик го совлада Голден Стејт Вориорс со 120:112 во натпревар одигран во „Крипто Арена“ синоќа

Лос Анџелес, 7 февруари 2025 (МИА) - Лос Анџелес Лејкерс забележаа нова победа во НБА лигата, а Леброн Џејмс уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите кошаркари во историјата. Тимот на Џеј Џеј Редик го совлада Голден Стејт Вориорс со 120:112 во натпревар одигран во „Крипто Арена“ синоќа.
Домашниот тим доминираше во текот на целиот натпревар, но ќе остане запаметен по импресивниот настап на „кралот“, кој повтори достигнување на легендата Мајкл Џордан. Тие двајца се единствените играчи кои на 40 години постигнале 40 поени.
Џејмс се најде во центарот на вниманието, доаѓајќи на чекор од „трипл-дабл“ со своите 42 поени, 17 скока и 8 асистенции, како и 6 успешни удари од далечина.
За Лејкерси ова беше четврти последователен успех, а воедно им нанесоа и втор последователен пораз на момците предводени од Стив Кер. Лејкерси се на петтото место во Западната конференција со 30 победи и 19 порази.
На 8 февруари (сабота) Лејкерси ќе бидат домаќини на Индијана Пејсерс. Тогаш се очекува и дебито на Лука Дончиќ. дс
Фото: Архива