• вторник, 19 ноември 2024

Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс

Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс
Лос Анџелес, 2 декември 2020 (МИА) – Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес лејкерс за уште две години за 85 милиони долари. Џејмс, кој на крајот од овој месец ќе наполни 36 години, ќе остане во „лејкерси“ до крајот на натпреварувачката 2022/23, што ќе биде негова 20. Сезона во НБА лигата. Како што објави ESPN, Џејмс во новата сезона ќе заработува 39.2 милиони долари, 41,1 милиони долари во сезоната 2021/22, и 44,4 милиони долари во последната сезона. Џејмс минатата сезона го предводеше Лос Анџелес лејкерс до првата титулата во изминатата деценија, и вкупно 17. во клупската историја. Претходно во кариерата, тој освои два шампионски прстени со Мајами (2012, 2013) и еден со Кливленд (2016). ег/зс/

Остани поврзан