Леао црпи инспирација од Ибрахимовиќ
- Португалскиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао изјави дека поранешниот играч на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ им служи како пример на сите во тимот.

Милано, 10 јануари 2025 (МИА) - Португалскиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао изјави дека поранешниот играч на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ им служи како пример на сите во тимот.
Ибрахимовиќ сега е на менаџерска позиција во клубот.
-Златан е премногу важен, ме тера да мислам дека морам да го подобрувам моето ниво во секој момент, секогаш да се трудам да победувам. Не можам да се споредувам со него: тој е пример. За мене и за другите. Тој знае што е потребно за да победи и се обидува тоа да ни го пренесе на сите нас, тој е инспирација за сите во Милан“, рече Леао, цитиран од новинарот Никола Шира.
Ибрахимовиќ (42) ја заврши својата натпреварувачка кариера во летото 2023 година. дс
Фото: Архива