• петок, 28 февруари 2025

Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија против Манчестер Сити

Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија против Манчестер Сити

Мадрид, 27 февруари 2025 (МИА) - Шпанската Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија против Манчестер Сити, откри претседателот Хавиер Тебас. Во жалбата се наведува дека англискиот клуб го прекршил Законот за конкуренција на ЕУ. Тебас објави дека е доставена уште во 2023 година и е поврзан со Регулативата за странски субвенции. Станува збор за субвенции што ги даваат земји кои не се членки на ЕУ за компании кои работат во ЕУ. Аргументот на Ла Лига е дека Манчестер Сити добивал странски субвенции од Обединетите Арапски Емирати, што му овозможило на клубот да ја подобри својата конкурентска позиција, а истовремено да предизвика значителни нарушувања на различни национални и европски пазари.

-Сè што прават е да размислуваат за тоа како можат да ги избегнат правилата и прописите. Ова го пријавивме во Европската унија со факти и бројки. Зошто? Затоа што ова е англиски тим кој не е дел од ЕУ, но има комерцијални активности во Европа. Навистина е важно сите клубови да подлежат на правила за транспарентност и управување и вистинска конкуренција во финансиската и спортската страна на нивниот бизнис, рече Тебас.

Според Ла Лига, овие ресурси што ги добива Манчестер Сити му овозможуваат на клубот да привлече играчи и тренери од највисоко ниво, што би било далеку од возможно во овие големини под нормални пазарни услови. Тоа, пак, ги подобрува перформансите на Манчестер Сити на теренот и истовремено го ограничува капацитетот на ривалите на „граѓаните“.

Од „Етихад“ ги отфрлаат обвинувањата и нагласуваат дека Тебас има долга историја на напади врз клубот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан