• недела, 22 декември 2024

Ла Лига го критикува Реал поради бојкотот на „Златната топка“

Ла Лига го критикува Реал поради бојкотот на „Златната топка“

 

Мадрид, 31 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, го критикуваше денеска Реал Мадрид поради бојкотирањето на церемонијата за доделување на Златната топка.

Актуелниот европски шампион одби да присуствува на гала церемонијата која се одржа во понеделникот вечер во Париз, откако клубот дозна дека главната награда ќе ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родри.

Во последните недели пред доделувањето на Златната топка. Винисиус, една од ѕвездите на Реал Мадрид, важеше за главен фаворит за наградата.

Реал ја освои наградата за најдобар клуб во 2024 година, додека стратегот на шпанскиот шампион Карло Анчелоти го доби признанието за најдобар т.

„Реал Мадрид не покажа џентлменски менталитет, нивниот однос не ме изненади. Тие добија две почести и нивната позиција е неразбирлива“, изјави Тебас, цитиран од весникот AC. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан