• среда, 25 декември 2024

Лајпциг отпушти двајца млади фудбалери поради расистички коментари

Лајпциг отпушти двајца млади фудбалери поради расистички коментари

Лајпциг, 26 јануари 2024 (МИА) – Германскиот прволигаш Лајпциг, во чии редови од јануарскиот преоден рок член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, отпушти двајца фудбалери на возраст до 19 години поради расистички коментари за соиграчите.

„Двајцата изнесоа очигледни расистички коментари за свои соиграчи и се однесуваа крајно неспортски и на неприфатлив начин“, истакна Лајпциг во денешното соопштение, наведувајќи дека двајцата фудбалери се отпуштени веднаш штом случајот бил откриен.

Бундеслигашкиот клуб не го објави идентитетот на отпуштените фудбалери.

Тренерот на Лајпциг, Марко Росе, изнесе пофалби за играчите од младинскиот тим кои го пријавиле инцидентот на тренерите во клупската академија.

„Некој таму станал и рекол дека тоа не е начинот на кој се функционира. Клубот потоа ги презел неопходните и исправни чекори“, рече Росе. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан