Лајпциг во преговори со Окафор
- Бундеслигашот Лајпциг има намера да го ангажира напаѓачот на Милан, Ноа Окафор, објави новинарот Матео Морето.
Лајпциг, 7 јануари 2025 (МИА) – Бундеслигашот Лајпциг има намера да го ангажира напаѓачот на Милан, Ноа Окафор, објави новинарот Матео Морето.
Двете страни веќе започнаа преговори и наидоа на меѓусебно разбирање за некои прашања.
Окафор оваа сезона на 16 натпревари постигна еден гол и две асистенции.
Договорот на 24-годишниот Швајцарец со Милан е до летото 2028 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА