Лацио го донесе Таварес на позајмица од Арсенал
- Дефанзивецот на Арсенал, Нуно Таварес, му се приклучи на Лацио на позајмица, објави денеска римскиот клуб на својот официјален сајт.

Рим, 15 јули 2024 (МИА) – Дефанзивецот на Арсенал, Нуно Таварес, му се приклучи на Лацио на позајмица, објави денеска римскиот клуб на својот официјален сајт.
Договорот за позајмица со 24-годишниот Португалец се однесува на сезоната 2024/25.
Таварес му се приклучи на Арсенал во јули 2021 година, а во сезоната 2023/24 настапуваше како позајмен фудбалер за Нотингем Форест.
Вредноста на Таварес на трансфер пазарот се проценува на 15 милиони евра. ег ФОТО: Фејсбук