• недела, 28 јули 2024

Лапорта оптимист пред Ел Класико: Сигурен сум дека Барса ќе победи

Лапорта оптимист пред Ел Класико: Сигурен сум дека Барса ќе победи
Барселона, 21 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за претстојниот натпревар од Ла Лига со Реал Мадрид. - Имам добро чувство. Победивме два меча, играчите закрепнуваат. Фати и Агуеро се вратија, играме пред нашите навивачи. Сакам да ги расположам фановите, бидејќи шоуто ќе биде одлично. Ако го победиме Реал, ќе биде супер, ќе славиме. Оптимист сум и уверен дека ќе победиме, рече Лапорта. Големото дерби на шпанскиот и европскиот фудбал, Барселона – Реал Мадрид е закажано за в недела во 16:15 часот. зс/

Остани поврзан