• среда, 27 ноември 2024

Лапорта за Суперлигата: За основачите – почетен бонус од милијарда евра, а секоја година по 300 милиони

Лапорта за Суперлигата: За основачите – почетен бонус од милијарда евра, а секоја година по 300 милиони
Барселона, 13 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Барселона го опиша економското влијание од учеството во европската Суперлига. - За клубовите кои ја основаа Суперлигата, има првичен бонус од милијарда евра. И секоја сезона на овој турнир може да донесе околу 300 милиони евра. Дополнително, клучната поента е дека уздите на власта ќе бидат во рацете на клубовите. УЕФА, секако, ќе биде вклучена во управувањето, но главната сила ќе биде кај клубовите, изјави Жоан Лапорта. За потсетување, на 19 април 2021 година, 12 моќни европски фудбалски клубови најавија создавање на Суперлигата, но само два дена подоцна девет екипи се повлекоја од своето учество во таквиот проект поради големите негативни реакции во фудбалската јавност. Само Реал, Барселона и Јувентус останаа на ставот дека имаат право да го формираат новото натпреварување. зс/

Остани поврзан