Ландо Норис го предводеше Мекларен до двојна победа на вториот слободен тренинг на Формула 1 во Шпилберг
- Ландо Норис го предводеше Мекларен до двојна победа на вториот слободен тренинг на Големата награда на Австрија во Формула 1. Тој забележа најдобар круг од 1:04.580 минути и го престигна својот соиграч Оскар Пјастри за 0,157 секунди, додека светскиот шампион Макс Верстапен беше трет.
Шпилберг, 27 јуни 2025 (МИА) - Ландо Норис го предводеше Мекларен до двојна победа на вториот слободен тренинг на Големата награда на Австрија во Формула 1. Тој забележа најдобар круг од 1:04.580 минути и го престигна својот соиграч Оскар Пјастри за 0,157 секунди, додека светскиот шампион Макс Верстапен беше трет.
Норис го пропушти првиот тренинг и беше заменет од дебитантот Алекс Дан, кој е водечки на табелата во Формула 2. Ирецот, првиот претставник на својата земја во водечкиот шампионат по 22 години, утрово го постави четвртото најбрзо време.
Ленс Строл од Астон Мартин заврши четврти, а Шарл Леклер од Ферари петти. Неговиот тимски колега, Луис Хамилтон заврши едвај на десеттата позиција во Шпилберг.
Џорџ Расел, кој го постави најбрзото време на попладневната сесија во Австрија, заврши шести. Британскиот возач на Мерцедес победи во Канада пред две недели и стана првиот возач по Мекларен и Верстапен што победил оваа година. дс
Фото: Архива