• среда, 25 декември 2024

Лам: Хонг Конг може да го задржи посебниот статус и по 2047 година

Лам: Хонг Конг може да го задржи посебниот статус и по 2047 година

Хонг Конг, 16 јануари 2020 (МИА) - Хонг Конг може да ги задржи придобивките што доаѓаат во рамки на „една земја, два система“ што ги има со Кина и по истекот во 2047 година, но само ако ја задржи верноста кон Пекинг, изјави денеска премиерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Во Хонг Конг со месеци се одржуваа протести поради незадоволство околу предлог-законот за екстрадиција на Кина, кој подоцна беше отфрлен. Лам се осврна на неодамнешното насилство и повика на поддршка за Владата. - Хонг Конг може повторно да отплови, рече таа на кантонски, нагласувајќи ја заложбата на Владата да го заштити владеењето на правото. паг/

Остани поврзан