Лампард: Моите фудбалери поставија стандард за игра што го немавме така неодамна
- Тренерот на Челси, Френк Лампард, беше задоволен од играта на неговиот тим на денешниот натпревар (3:0) во првенството на Англија против Барнли.
Лондон, 11 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Челси, Френк Лампард, беше задоволен од играта на неговиот тим на денешниот натпревар (3:0) во првенството на Англија против Барнли.
Тој го забележа напредокот во играта на неговите избраници.
- Ова е убедлива победа остварена со одлична игра. Видов многу позитивен став кај моите фудбалери. Тие поставија стандард за играта, што неодамна го немавме, изјави Лампард.
Челзи по 22 кола е на 4.место на табелата во Премиер лигата со 39 бода. зс/