• сабота, 23 ноември 2024

Лалулис: Грција не смета дека Турција го инструментализира мигрантското прашање

Лалулис: Грција не смета дека Турција го инструментализира мигрантското прашање

Атина, 6 јуни 2023 (МИА) – Не сметам дека Турција го инструментализира мигрантското прашање, можеби некои движења, криумчари го поддржуваат овој напор, но, не, не верувам дека се инструментализира од Турција, истакна службениот министер за цивилна заштита на Грција, Хараламбос Лалусис, јави дописничката на МИА од Атина.

При посетата на северна Грција и одговарајќи на новинарско прашање за зголемениот број нелегални мигранти кај Еврос на грчко- турската граница Лалусис објасни дека поради нискиот водостој на реката, на некој начин се создаваат поволни услови за нелегални премини од турска на грчка територија, меѓутоа истакна дека се справуваат со ситуацијата и ги преземаат сите неопходни мерки.

-Грчката полиција во хармонична соработка со грчката армија е будна и ги презеде сите неопходни мерки, за да спречи секој обид за илегален влез на странци во нашата земја почитувајќи го националното, европското и меѓународното право, рече Лалусис.

Додаде дека чувањето на границите, кои се и граници на Европската унија, е прв приоритет на полицијата.ср/сд/

Остани поврзан