• недела, 22 декември 2024

Лазаров со гол во последната секунда донесе победа над Украина

Лазаров со гол во последната секунда донесе победа над Украина
Виена, 10 јануари 2020 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација оствари инфарктна победа со 26-25 (13-10) против Украина на првиот меч од Европското првенство во Австрија. Нашите ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот во „Виенер Штадхале“ арената, меѓутоа Украина со добра игра се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот. Кире Лазаров сепак со гол во последната секунда го донесе големиот триумф. Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да собере вкупно 15 интервенции. Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците. За играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески.

Остани поврзан